Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

Жителка на скопската населба Карпош, Марија Михајлова, преку објава на социјалните мрежи алармира за секојдневно фрлање и палење петарди од страна на малолетници, предупредувајќи на опасноста по безбедноста и мирот на граѓаните.

— реклама —

Како што наведува Михајлова, веќе цела недела малолетници во населбата фрлаат и палат петарди, за кои таа се сомнева дека се купени на Бит-пазар, без соодветна контрола на продажбата.

— реклама —

Таа посочува дека жителите секојдневно се изложени на силни детонации, вознемирување и потенцијална опасност, особено имајќи предвид дека во населбата живеат мали деца, повозрасни лица и домашни миленици.

Во објавата таа поставува прашања за тоа кој ја контролира продажбата на пиротехнички средства на малолетници, кој ќе преземе одговорност и каде се надлежните институции.

— реклама —

„Дали навистина треба да чекаме да се случи несреќа за некој конечно да реагира?!“, прашува Михајлова.

Таа упатува апел до родителите и надлежните служби да преземат мерки и да реагираат навреме, нагласувајќи дека петардите не се играчки и дека превенцијата е неопходна за да се избегнат несакани последици.

media-libraryujiep9k9qifjcnaz5Pw

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања