(ФОТО) Се расчистува просторот на поранешен „Технометал – Вардар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Општина Центар ја известува јавноста дека се расчистува просторот на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ близу улица Македонија. Сопственикот на „Буши Фашион“ и сопственик на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ започна со постапување по решението од Општина Центар и го расчистува просторот од некогашната компанија за трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго. Општина Центар неколкупати досега го казни сопственикот по што му наложи самостојно да ја расчисти депонијата и секојдневно да ја одржува хигиената.

— реклама —

/%d1%82%d0%b5%d1%85%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d0%bb-%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80-1" rel="attachment wp-att-220904">

— реклама —

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во февруари преку Решение го задолжи сопственикот да исчисти и постапи во законски предвиден рок. Решението за расчистување секторот го издаде поради спречување на создавање на еколошка катастрофа предизвикана од секојдневно собирање купишта отпад создаден од кршење на инвентарот и екстериерот на огромната бетонска зграда. Минатата година во овој објект избувна пожар, а неколкупати досега жителите од околните згради пријавуваат и кражби.

— реклама —

Општина Центар најавува дека Секторот за инспекциски работи и во наредниот период ќе продолжи со инспекциски контроли преку инспекцијата за животна средина за да не се повтори грдата слика и нарушувањето на мирот на станарите.

/%d1%82%d0%b5%d1%85%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b0%d0%bb-%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80-3" rel="attachment wp-att-220905">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања