(ФОТО) Семејствата во солзи, соучениците на загинатите деца со цвеќиња се простија од нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-11-24-at-13.18.25

Стотици деца и наставници од училиштето „Исмаил Ќемали“ во Чаир, со цвеќиња и транспаренти им оддадоа последна почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, меѓу кои се и нивни ученици односно другари. На транспарентите кои ги оставија на плоштадот, пишуваше: „Чувајте ги со нашите спомени со вас“, „Бог да ве благослови“, Секогаш во нашите срца“, „Соништата се претворија во пепел“, „Ќе ни недостигате“. Метуш Мемети, наставник од училиштето, кажа дека ги посетиле и семејствата. Глетката била страотна.

— реклама —

„Ние сме од школото ‘Исмаил Ќемали’, деветолетка. Со околу илјада деца, со наставници и наставнички излеговме да одаддеме почит. Имаме 45-46 починати, а пет деца се од нашето школо. Две деца се деветто одделение, едно дете е осмо одделение, едно е шесто одделение и едно мало девојче беше второ одделение. Пред час и половина бевме кај фамилијата, тие не примија. Сите плачеа, што е нормално. Тоа што се случи, дај Боже да помине само со плачење. Сите деца ги знаевме, беа многу интелигентни. Сакаа да прошетаат во Истанбул, но се случи тоа што се случи“, кажа Метуш Мемети, наставник во училиштето.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања