Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Сиљановска-Давкова им додели „Инженерски прстен“ на 14 најуспешни млади инженери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryip708stuismt2BzxF89

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид, во својство на покровителка, им ги додели признанијата „Инженерски прстен“ за 2026 година на 14 најуспешни дипломирани инженери. Церемонијата се одржа пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.

Добитници на годинашното признание се млади инженери од архитектурата, градежништвото, машинството, електротехниката, информатиката, земјоделските науки, технологијата и други инженерски области од УКИМ, УКЛО и УГД.

— реклама —

Сиљановска-Давкова порача дека „Инженерскиот прстен“ е потврда дека знаењето, трудот, стручноста и професионалноста се препознаваат и вреднуваат, нагласувајќи дека најуспешните млади инженери претставуваат значаен човечки и развоен потенцијал за државата.

— реклама —
media-library41slo8m9fqho25SnPSb

„Од нашата способност, подготвеност и решеност да ги препознаеме и да ги идентификуваме, но и навреме да ги вреднуваме, овозможувајќи им својот професионален потенцијал да го реализираат тука, дома, зависат и се детерминирани нашата технолошка конкурентност и компетитивност, но и економскиот капацитет и развој“, рече претседателката.

Таа се осврна и на иселувањето на младите инженери, посочувајќи дека државата треба да создава услови најдобрите да останат и својот професионален потенцијал да го вложат во земјата.

— реклама —

„Способноста да ги задржиме најдобрите и да им овозможиме својата иднина да ја градат дома е суштинско прашање, од чиј брз и точен одговор ќе зависат економската конкурентност и долгорочниот развој на македонската држава“, порача Сиљановска-Давкова.

— реклама —
media-librarytaabg23t9msv2StF609

„Инженерски прстен“ се доделува по 23. пат, а досега признанието го добиле вкупно 257 инженери.

На церемонијата се обратија и претседателот на Инженерската институција на Македонија, д-р Андреј Лепавцов, претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош, како и Стефан Спасов, кој говореше во име на годинашните добитници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 3 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 4 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања