Скопје се гуши во смог. На самиот старт на грејната сезона граѓаните реагираат дека во главниот град неможе да дишат. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаден воздух. Секоја вечер во Скопје се бележи се поголемо загадување на воздухот. Жителите веќе се жаќат на високите вредности на загаденост кои ги покажуваат мерните станици. Но, никој не презема ништо.

Сите се веќе уплашени бидејќи загадувањето доаѓа уште пред почетокот на зимата, но и во време на пандемија предизвикана од коронавирусот. Паниката е поголема откако се прошири веста дека вирусот се шири и преку загадениот воздух.
Град Скопје презема беколку иницијативи за да го намали загадувањето. Една од нив беше замената на шпоретите на дрва со инвертер клима уреди. Но се чини, дека резултати во пракса нема.