Со цвеќиња и свеќи, и во Скопје и е одадден последен поздрав на младата Викторија Николова, која го загуби животот во трагичната сообраќајка. На местото, каде од ударот беше исфрлено телото на младата радовишанка, вчера, во исто време кога беше погребана, граѓани организирани преку социјалните мрежи искажаа жалење за изгубениот живот. Викторија, беше погребана во Радовиш, вчера попладнето. И утринава, сите кои поминуваа на раскрсницата кај „Сити мол“ беа сведоци на тажната глетка која стана асоцијација за изгубен живот.
/1-254" rel="attachment wp-att-160181">
Шок и револт два дена по ред има и меѓу жителите на двете општини Конче и Радовиш каде живеело семејството на 24 – годишната Викторија Н. На социјалните мрежи, гневот го искажаа и родителите на повреденото момче, кое за малку се спаси во моментот на трагедијата.
Возачот Јордан Ѓ. со лисици на рацете беше однесен во притвор, поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. На излез пред судските врати, скоро пет часа го чекаше неговото семејство. Откако излезе од судница, тие му дадоа јакна и неопходни работи, разговараа на кратко, по што полицијата го спроведе во комбето. Еден од членовите на семејството го испрати до полициската „марица“.
Изразил каење и признал вина. Ова е епилогот од трите распити на возачот Јордан Ѓ. кој ја усмрти 24-годишната Викторија Николова. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ за „А1он“ посочи дека според субјективните проценки на осомничениот возач, тој возел со брзина од 40-45 километри на час, што е во границите на дозволената брзина. По несреќата, му се одземале нозете и рацете, што според адвокатот, било причина што не излегол да помогне.
Обвинителството веќе потврди дека семафорите на кои поминувала 24-годишната радовишанка која загина, во моментот не работеле. Возачот не застанал на обележаниот пешачки премин и со поголема брзина од пропишаната ја прегазил и усмртил. Тој не пружи ниту помош, односно не излезе од автомобилот по несреќата. Првиот момент кога го напушти возилото беше по 15 минути, кога дојдоа првите екипи на полицијата.
Момчето на починатата помина со набиеници на карлицата и тешки трауми. Од болницата каде беше прегледуван соопштија дека бил видно потресен од трагедијата. Сега, тој е на домашно лекување.
Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на раскрсницата. Тие ќе помогнат да се утврди, што точно се случило вчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството. Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, од кои неофицијално, утврдено е дека нема траги на алкохол или дроги.
Возачот се гони за кривично дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот, со смртни последици. Минималната казна според Кривичниот законик е четири години затворска казна.