Со цитатот „На сцената наречена живот, сите ние сме актери”, градоначалникот на Ѓорче Петров ги пофали младите актери кои беа дел од театарската претстава „Ништо не е страшно“. Тој присуствуваше во Домот на културата во Општината, а по претставата, кажа дека како прв човек на Ѓорче Петров ќе продолжи да работи за заживување на театарската сцена.
„Прекрасно беше да се биде дел од оваа Театарска претстава „Ништо не е страшно“ на Театар ПИ и ми е многу драго што успеавте на еден навистина реален, но сепак забавен начин да не вклучите и нас присутните да се почувствуваме како дел од вашата претстава. Посебно ме радува тоа што сте вклучени вие, нашите деца од основните училишта во Ѓорче и ја негувате уметноста, културата и инклузивноста. Општина Ѓорче Петров како и досега ќе продолжи да ве поддржува за да ја заживееме театарската сцена во нашето Ѓорче. Потребно е само љубов, посветеност и желба“, напиша Стојкоски.

