Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Бугарија: Најмалку седум загинати, судир на над 50 возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-library08gr79m8psi51FuOFaL
Фото: 24news

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Бугарија, каде што во серија судири на автопатот „Тракија“, во близина на градот Јамбол, загинале најмалку седум лица, а повеќе се повредени. Во несреќите учествувале повеќе од 50 патнички и товарни возила, меѓу кои и цистерни, пренесува НОВА.

— реклама —

Судирите се случиле во вторникот наутро, на делницата меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, при густа магла и значително намалена видливост. Поради несреќите, автопатот е затворен во двата правца, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до луѓето заробени во возилата.

— реклама —

Главниот инспектор Тодор Мишинев од полицијата во Јамбол изјавил дека во возилата има заглавени лица и дека приоритет во моментов е нивното извлекување. Истражните дејства ќе започнат по завршувањето на спасувачките активности.

Седум повредени лица се пренесени во болницата во Јамбол. Според заменик-директорот Валентин Валчев, тие се во тешка состојба и имаат повеќекратни повреди, поради што се згрижени во шок-собата.

— реклама —

Во болницата се мобилизирани сите расположливи екипи за реанимација, хирургија и трауматологија. Бидејќи установата нема оддел за неврохирургија, пациентите на кои ќе им биде потребна таква медицинска помош ќе бидат пренесени во други здравствени установи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryusgo9282843n0UIy8LM

(Видео) Бројот на загинати во верижната сообраќајна несреќа во Бугарија се искочи на 10

Настани | пред 18 минути

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања