Собраќајна несреќа го блокирше патниот правец Битола-Ресен, кај Ѓавато.
Снежните врнежи, како и натрупаниот снег дополнително ја отежнуваат ситуацијата, при што патот е под целосна блокада и создадена километарска колона на автомобили од двата патни правци.
/img-51110c3921586bc4a77d4ad858b4cb84-v" rel="attachment wp-att-162400">
Очевидци велат дека причина за сообраќајката е неисчистениот снег од патот, како и врнежите кои траат.
/img-b52d2e539b446e5df75f6fbd244d8691-v" rel="attachment wp-att-162399">
„Од 15:20 часот, сообраќајот на патниот правец Битола-Ресен е во прекин поради сообраќајна незгода во близина на Кажани. Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато“, информираат од АМСМ.