Нова драма се случила над Балтичкото Море вчера, кога унгарски борбени авиони, стационирани во Литванија, пресретнале група од пет руски воени авиони кои се приближувале кон воздушниот простор на НАТО, соопшти Алијансата.
Според информациите, станувало збор за формација составена од еден Су-30, еден Су-35 и три ловци МиГ-31. Бидејќи авионите не ги почитувале меѓународните протоколи за безбедност на летовите, активирана била брза реакција во рамките на мисијата на НАТО за воздушен надзор.
Унгарските ловци ЈАС 39 „Грипен“ полетале од база во Литванија и ги пресретнале руските авиони западно од брегот на Латвија. По визуелната идентификација и следење, руската група се повлекла, а унгарските авиони безбедно се вратиле во базата.
Од НАТО потсетуваат дека мисијата за надзор на воздушниот простор е постојана, 24-часовна операција чија цел е заштита на територијата и границите на Алијансата од неовластени или потенцијално опасни летови.
Ваквите интервенции се опишуваат како рутински, но неопходни за одржување на безбедноста и интегритетот на воздушниот простор. Пресретнувањата во Балтикот се чест феномен, бидејќи руските воени авиони редовно летаат без план за лет, без активиран транспондер и без контакт со цивилната контрола на летање.
Последниот инцидент доаѓа во услови на зголемени тензии и се надоврзува на серијата слични средби меѓу авионите на НАТО и Русија во регионот.