(ФОТО) Вевчанци се пошегуваа со платата од 500 евра - започна Вевчанскиот карневал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
V

„Сигурен сум дека ние политичарите ќе бидеме предмет на критика денеска и едвај чекам да видам што имаат подготвено вевчанци и василичарите со своите маски. Денеска сигурен сум дека тука ќе се смеам, ама знам дека вечер сигурно ќе се замислам. И ова е дел од критиката и нормално е власта да биде критикувана. Тоа е демократија и затоа е власта за да биде критикувана, а критиката може да направи само подобра власт“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски пред официјалното отворање на Вевчанскиот карневал.

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски уште еднаш потсети дека локалната самоуправа не учествува во изборот на маските и оти тие ги дознаваат за време на дефилето.

„Ние не учествуваме во изборот на маски, можеме само да апелираме. Немаме увид во што ќе бидат маскирани василичарите“, рече градоначалникот Јанкоски.

Вевчанскиот карневал започна синоќа со изложба на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ од авторот Анастас Ќушкоски и настапот на рок групата Културно Уметнички Работници, на култната група Архангел, Галија и диџеј Рутбој.

Вечерта пак, во пресрет на дочекот на Новата година по стариот календар, посетителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе етно-состави, меѓу кои и Баклава.

Утре пак на 14-ти јануари точно на пладне е традиционалното палење на маските.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања