Албанските медиуми објавуваат фотографии и видеа на кое се гледа усасот кој го поминаа граѓаните по серијата земјотреси кои ја погодија Корча. На видео се гледа како се ниша лустер во дом од моментот кога Корча е под влијание на земјотрес со јачина од 5.3 степени по рихтер.
Земјотресите во Албанија не престануваат, од синоќа до сега се регистрирани десетици потреси.
Граѓаните на Корча се преплашени. Тие стравуваат да влезат во своите домови. Во изјави за медиумите велат дека ѕидовите им се распукани, а дел од таваните уништени.
Најсилните земјотреси беа почувствувани и во југозападниот дел од Македонија.

фото: .gazetatema.net