ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО + ВИДЕО) Уништени над 600 парчиња оружје и над 400 килограми дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
66254557_661383524273665_4332164135144914944_n

Денеска, по повод 9-ти  Јули - Меѓународниот ден за уништување на огненото оружје дојдовме, во погоните на Еуроникел индустри во Кавадарци, беа уништени оружје и наркотични дроги  одземени по основ на   правосилни судски одлуки, донесени по завршени кривични постапки, како и врз основ на  решениja за нивно  ништење , донесени од  соодветните судови во државата. Уништувањето на дрогата и оружјето беше реализирано со соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за уништување на  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и Агенцијата  за управување со недвижен имот. Согласно претходно утврдени законски процедури, огненото оружје и наркотичните дроги  претходно беа преземени од магацините на судовите и  складирани во магацините на МВР, согласно Планот за преземање на мерки и активности  за преземање, транспорт и складирање на огненото оружје и наркотички дроги.

— реклама —

„Станува збор за уништени повеќе од 600  парчиња оружје , од кои најголемиот дел се пиштоли -358, ловечки пушки – 142, автоматски пушки -32,   воздушни пушки - 54, еден ракетен фрлач и друго. Во поглед на уништени количини на дрога, станува збор за повеќе од 400  килограми наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, и тоа марихуана, хашиш, кокаин, хероин, амфетамини и друго. Сакам да се заблагодарам на раководството на Еуроникел индустри што изрази подготвеност и добра волја и без никаков надомест ни беше понудено заеднички да ја реализираме целата оваа активност“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуирани акции за заплена на нелегално оружје и дрога, за што постојано соодветно ја информираме јавноста. Во борбата со нелегалното оружје во 2018 година има зголемување на откривачката дејност во однос на 2017 година.  Во 2018 година беа откриени 187 дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“, за што кривично се пријавени 205 сторители.

„Што се однесува пак до „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, во 2018 година имаме 789 кривични дела, за што се пријавени 905 сторители и во овој сегмент имаме зголемување на откривачката дејност за 43 отсто. Во рамки на овие кривични дела запленети се над 1,5 тони дрога“, рече министерот Спасовски.

MERn5PV6nNA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања