Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

(Фото) Возач во Франција возел 221 км/ч каде што е дозволено 70 км/ч, остана без возачка и автомобил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library796pfc04cv7vc8KzAVA
Facebook/Préfecture de police des Bouches-du-Rhône

Возач на „Mercedes-AMG A45“ останал без возачка дозвола и без својот автомобил откако бил фатен како вози со брзина од 221 километар на час на пат во францускиот Марсеј, каде што дозволената брзина е само 70 километри на час.

Станува збор за делница со тунели и непрегледни кривини, поради што ограничувањето на брзината е значително пониско.

— реклама —

Според француските прописи, надминување на дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час повлекува строги санкции. На возачот веднаш му била одземена возачката дозвола, а автомобилот бил префрлен на полициски паркинг. Судот може да му изрече и висока парична казна, одземање казнени поени, па дури и трајна конфискација на возилото.

— реклама —
— реклама —

Фотографијата што ја објавила полицијата покажува бел „Mercedes-AMG A45“ со неколку визуелни модификации, меѓу кои голем заден спојлер и изменет заден браник.

Станува збор за претходната генерација на моделот „Mercedes-AMG A45“, кој располага со 381 коњска сила и 475 Nm вртежен момент од 2,0-литарски турбобензински мотор, во комбинација со погон на сите тркала и автоматски менувач со двојна спојка.

Од полицијата порачаа дека ваквото опасно возење можело да има трагични последици и за возачот и за другите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr8fbkgchkm1s0eMwdTu

Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

По големите немири, Франција ја засилува безбедноста: Војската ќе ѝ помага на полицијата

Свет | пред 18 часа

media-libraryv6b3bgojhv59e5mNWEQ

Речиси 2.400 уапсени во Франција, немирите стивнаа, но демонстрантите најавуваат нови протести

Свет | пред 1 ден

media-library736t2dpjrs9r0pYjCM7

„Ја изгубивме контролата“ – полициски час во Париз и други француски градови, Макрон одби оставка на министерот

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања