Сообраќајна незгода попладнево е пријавена кај мостот „Близнаци“, во близина на црквата кај „Авиончето“ во Скопје.
Според информациите на Скопје1, во незгодата учествувало такси-возило, кое наводно пропаднало во дупка на коловозот.
Засега нема информации за евентуално повредени лица, ниту за точните околности под кои се случил инцидентот. Се очекуваат повеќе информации.