Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Страотна несреќа кај Темишвар, загинаа навивачи на грчки ПАОК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library64l89qa79vkmcpTWPZX

Седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Романија, во близина на Темишвар, на околу 60 километри од границата меѓу Србија и Романија.

— реклама —

Несреќата се случила кога минибус, во кој се превезувале навивачи патувајќи од Грција кон Франција на натпреварот Лион – ПАОК, се судрил со камион. Според соопштението на романската полиција, возачот на минибусот во еден момент претекнувал, а при обидот да се врати во својата сообраќајна лента удрил во цистерна, по што следувал судир со камион кој се движел од спротивна насока, пренесуваат медиумите.

Во несреќата загинале седум лица, меѓу кои возачот и шестмина патници, сите од минибусот, додека тројца лица се повредени и се пренесени во болница. Според медиумските информации, четворица од загинатите биле на возраст од 25 до 27 години.

— реклама —

Романската полиција покрена кривична постапка за кривични дела убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.

По трагедијата, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, упати сочувство до семејствата на загинатите. Сочувство изразија и бројни грчки спортски клубови, како и фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Партизан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryirt3429d76se2aw3Rkg

Тројца скијачи загинаа во лавина

Свет | пред 3 седмици

media-libraryo94pl9ro06597KLIHDv

Се урна приватен авион во САД, седум загинати

Свет | пред 1 месец

media-library2a7mqv5osjjl9nUl3HE

Петмина скијачи загинаа во лавини во Австрија

Свет | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Сопружници загинаа по излетување со возило во Радика

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања