ФОТО: Хорор во скопски автобус, турканици наместо дистанца среде пандемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-02-14-at-08.47.54

Иако е пандемија и здравствените власти препорачуваат да се одржува дистанца, сепак во автобус со број „5“ кој се обраќа на линија Дексион-Ново лисиче - утрово патниците велат дека било хорор. Турканици, патници со маски под нос, затворени прозорци. Ова било само дел од состојбата во која се превезувале скопјани. Тие и сами прашуваат: „па нели е пандемија, нели постојат протоколи?“.

— реклама —

— реклама —

Во протоколот за превоз на патници стои: Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата. На автобуските станици, стојалишта и свртувалишта да се означат/обележат точки на патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата). Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати. Поставен на јасно видливи места, едукативно информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена. Се забранува јадење, пиење и грицкање во возилата. Означување на правецот на движење на патниците во автобусот. Обезбедување на корпи за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура. Се препорачува сите превозници кои вршат превоз на патници во согласност со точка 1 од овој протокол, да вклучат дополнителни возила за вршење на превозот со цел да ги опслужат потребите за патување на патниците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања