„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryica78707p4eu73909iU

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.

— реклама —

Голем број верници, водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, учествуваа во светиот чин со молитва и надеж за духовно прочистување, здравје и благослов во текот на годината.

Во Охрид, претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој го извади светиот крст од водите на езерото, при што му подари пафта, невестински колан од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје, лична среќа и благосостојба.

— реклама —

За време на одбележувањето на празникот во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води на Црн Дрим, Петар Чакарески, од претседателката доби пафта, невестински колан од Битола од 19. век, како симболичен дар со желба за радост, здравје и животен напредок.

Сиљановска-Давкова порача дека Богојавление – Водици носи силна и јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, нагласувајќи дека овој празник со векови обединува генерации верници и ги потсетува на вредностите што го зацврстуваат општеството.

Фотогалериите погледнете ги тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Скопје | пред 1 месец

media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

Скопје | пред 1 месец

media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

Настани | пред 1 месец

media-libraryiudpe131bgc6eijlxDD

(Видео) По третпат Мартин Гоџо од Варош го вади крстот од водите на Охридско Езеро

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања