Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, јавно го пофали спасувачот Даниел Раевски за неговата храбра и навремена интервенција за време на централниот настан по повод Богојавление – Водици во Скопје, кога од студените води на Вардар беше извлечен давеник.

— реклама —

„Има нешто во тоа што е од Бутел, има и во тоа што порасна во Таеквондо Клуб Бутел, има нешто и што сега вежба во Џудо клуб Радишани, а највеќе има во тоа што е храбро, чесно и добро момче! За Водици спаси човечки живот! Браво јунак! Браво Даниел!“, објави Костовски на социјалните мрежи.

— реклама —
media-libraryftjils6i2nv89AHAXXE

Раевски, кој е волонтер и спасувач на Црвениот крст, со брзи, прецизни и решителни реакции, успеа да интервенира и да помогне во извлекувањето на лицата кои се бореа со водата, покажувајќи исклучителна смелост и хуманост на дело.

— реклама —

Иако градоначалникот упати јавна пофалба, дел од јавноста смета дека ваквиот чин заслужува и конкретно институционално признание, а не само убави зборови, па останува да се види дали Општина Бутел ќе преземе чекор и за официјално наградување на младиот спасувач.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања