Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(ФОТО)Трагедија во Германија, во во железничка несреќа загинаа тројца, 50-тина се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
voz-Germanija

Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти.

— реклама —

Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член на персоналот на државниот железнички оператор Дојче Бан. Инцидентот се случил околу 18:10 часот, кога најмалку два вагони од регионален воз на линијата RE 55 излетале од шините.

Возот се движел на релација Зигмаринген – Улм, а несреќата се случила на околу 45 километри југоисточно од Улм, близу границата со Баварија. Во моментот на несреќата, регионот бил погоден од силно невреме.

— реклама —

Сликите од местото на трагедијата покажуваат искршени дрвја и делови од возот, вклучувајќи и откината оскана самиот раб на пругата. Екипите за спасување извлекувале патници од делумно превртени вагони, додека од позадина се слушале вознемирувачки крици.

— реклама —

Генералниот директор на Дојче Бан, Рихард Луц, најави дека ќе го посети местото на несреќата денес, за лично да се запознае со ситуацијата и да им изрази благодарност на ангажираните служби. Тој упати сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, како и министерот за внатрешни работи, Томас Штробл, кој беше присутен на теренот, изразија шокираност и сочувство за жртвите и нивните семејства.

— реклама —

Железничкиот сообраќај на трасата меѓу Мундеркинген и Зигмаринген е целосно во прекин и засега не е познато кога ќе биде обновен.

фото: Х

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања