Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Фото/Видео) Со голем концерт на 29-ти декември групата Камелеон ќе одбележи 20 години постоење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
kameleon-1

Кариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум, порача на денешната прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.

Тој го најави и големиот концерт на групата, кој во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота на 29-ти декември со почеток во 19:00 часот.

— реклама —

– За концертот се подготвуваме веќе неколку месеци, работиме сериозно и активно, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени добија нови аранжмани. Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна Василески.

Тој испрати благодарност до општина Охрид, но и до сите компании, институции, медиуми и познаници кои им помогнаа и им излегоа во пресрет за организација на концертот. Групата доби и ново заштитно лого, кои во иднина ќе биде препознатлив знак за групата.

– Подготвуваме и нова песна, доколку успееме да стигнеме, ќе биде промовирана на концертот. Ако не, новата 2019-та година ќе ја започнеме со нова песна. Како круна на оваа 20-годишна кариера, покрај концертот, ќе се снима и документарец за групата, во кој секој од нас ќе каже по нешто од своите доживувања и како ги поминал сите овие години во бендот. Ќе има многу анегдоти, интересни настани, додаде Василески.

— реклама —

Според гитаристот Роберт Милески, човекот кој ги потпиша најубавите стихови на групата, Камелеон функционира како едно семејство.

– Заедно сме полни 20 години. Морам да признам дека дел од тајната на успехот лежи и во публиката. Сите овие години таа е со нас и не прифаќа, секоја наша песна, помалку или повеќе е прифатена. Меѓу нас како луѓе имало и искри и несогласувања, но секогаш преовладувало почитувањето, другарството и пријателството, на некој начин сме како едно семејство. Тука секако е и желбата за музика, за свирење, творење, а со тоа и збогатување на она што доаѓа како културен придонес на македонската музичка сцена од наша страна, истакна Милески.

— реклама —

Членови на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток. Петар станува дел од групата во 2001 година, а Зоран сите овие години, или е активен член или е во друга врска со бендот, како што е снимање на песни и слично. Низ годините и бројни други музичари имале добра соработка со бендот или биле негови членови и со тоа оставиле свој печат. Меѓу нив секако се и клавијатуристот Коки (членува во групата од создавањето на бендот, па се до 2001 година) и тапанарот Игор Фармаковски, кој работи со Камелеон во периодот од 2009 до 2010 година. За повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top, тезга „Аждер“ во центарот на градот и во Burger Station.

— реклама —

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања