Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Франција ја блокира платформата „Полимаркет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8cb5ov200kkpddoTBOD
Photo by Kanchanara on Unsplash

Француската Национална управа за игри на среќа (ANJ) соопшти дека наредила блокирање на пристапот до платформата „Полимаркет“ од територијата на Франција, оценувајќи дека начинот на кој ги прикажува коефициентите претставува рекламирање на неовластена дејност за обложување.

— реклама —

Според регулаторот, почетната страница на платформата во реално време прикажува коефициенти за различни настани на кои корисниците можат да се обложуваат, што според француското законодавство се смета за промоција на нелегално приредување игри на среќа.

ANJ потсетува дека рекламирањето неовластени платформи за обложување во Франција е кривично дело за кое е предвидена парична казна до 100.000 евра. Одговорност можат да сносат и лицата кои јавно промовираат коефициенти или понуди од такви интернет-страници.

— реклама —

Според податоците на регулаторот, во јуни „Полимаркет“ забележал повеќе од 578.000 посети од Франција и околу 205.000 уникатни корисници, иако нема дозвола за работа на францускиот пазар.

— реклама —

Со ова Франција им се приклучува на Германија, Белгија, Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Полска и Швајцарија, кои веќе воведоа ограничувања или блокади за платформите за предвидувачко обложување.

„Полимаркет“ во последните години привлече големо внимание поради можноста корисниците да предвидуваат исходи од политички избори, економски случувања и други актуелни настани. Францускиот регулатор кон крајот на 2024 година отвори истрага откако еден француски трговец оствари повеќемилионска добивка преку предвидување на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

— реклама —

Од „Полимаркет“ тврдат дека не се класична обложувалница, туку пазар на кој корисниците купуваат и продаваат договори поврзани со идни настани. Сепак, францускиот регулатор смета дека ваквиот модел во практика функционира како обложување, бидејќи корисниците вложуваат средства и остваруваат добивка доколку точно го предвидат исходот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Директорите на училиштата во Франција бараат заштита по серијата напади и насилни инциденти

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 3 дена

media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 4 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања