Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ со Калиопи: 50 години под рефлекторите, животот на сцена, Македонија, колегите

Француската астронаутка Софи Адено се врати на Земјата и постави нов европски рекорд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library2thga8fftvme9twVolm
Photo by Niketh Vellanki on Unsplash

Француската астронаутка Софи Адено се врати на Земјата по осуммесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, со која постави нов рекорд за најдолг престој во вселената на европска астронаутка.

— реклама —

Адено денеска во 17:35 часот, по француско време, слета во Тихиот Океан, недалеку од брегот на Сан Диего. Таа помина 235 дена на височина од околу 400 километри.

Заедно со неа се вратија рускиот космонаут Андреј Федјаев и американските астронаути Џесика Меир и Џек Хатавеј.

— реклама —

Последните минути од летот биле особено сложени. Капсулата со голема брзина влегла во атмосферата, по што била забавена со големи падобрани. Во оваа фаза комуникацијата со Земјата била прекината.

— реклама —

По излегувањето од капсулата и краткиот медицински преглед, четворицата астронаути биле префрлени на копно. Адено потоа ќе продолжи кон вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, а потоа ќе отпатува за Келн, каде што ќе започне повеќедневен период на опоравување.

Адено во февруари стана втората Французинка која ја преминала Кармановата линија, меѓународно признатата граница на вселената. Таа е и првата Французинка која излегла во отворената вселена, со три вселенски прошетки во август и септември.

Со својот престој во орбитата, Адено го собори досегашниот европски рекорд, кој го држеше италијанскиот астронаут Лука Пармитано, кој во 2019 и 2020 година помина 201 ден во вселената.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34kjae1tk0gs6VcaoAP

Кристина Кох испиша историја: Прва жена што отпатува подалеку од Земјината орбита

Свет | пред 6 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања