Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фризерско студио добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gfrizer

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, објави А1ОН.

— реклама —

На фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот.

— реклама —
Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.

— реклама —
„А1он“ ја посети фризерницата на Златковски, која се наоѓа на булеверот Видое Смилевски Бато во населбата Аеродром. Станува збор за мала просторија, која е опремена со берберски столчиња и опрема за работа. На вратата пишува „фризерски салон“, а во ќошот стои бројот на локалот, „15Б“.

Директорката Лидија Димова тврди дека не е спорно што фирма со дејност фризерница и годинава добила четири грантови во три акции од „Еразмус+“.

— реклама —
„Во правилата стои дека им се овозможува апликација на сите фирми. Мојата фирма е пристапна. При регистрација на неа, таа има општа клаузула и претежна дејност. Претежната дејност е фризерско студио, а општата сите дејности. Имам приложено тековна состојба, па во европскиот систем сум заведен како „В.Е.З. Трејд“, а „Вредност на европско знаење се генерира од порталот“, рече сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, без да појасни за кој портал станува збор.

извор: А1ОН

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања