„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Фронт 21/42: Власта наместо да креира илузија за УНЕСКО, да се посвети на заштита на Охридскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

Ја поздравуваме одлуката на УНЕСКО да го стави Охрид на листата на светски наследства во опасност. За жал сметаме дека тоа е единствениот начин да се зачуваат оние универзални вредности кои сѐ уште постојат во нашето најголемо природно и културно богатство и можеби да се унапреди состојбата на оние кои се веќе уништени, се вели во соопштението на невладината организација Фронт 21/42.

— реклама —

Нивното соопштение го пренесуваме во целост.

„Веќе две години упорно и укажуваме на актуелната власт дека инвестирањето на време и други ресурси во обиди да се прикаже грижа, наместо навистина да преземат мерки и активности за заштита на единственото богатство од светски калибар во земјава е многу погрешна стратегија.

— реклама —

Ќе посочиме само неколку од многуте примери на оваа стратегија: надзорната расправа во Собранието која заврши со заклучоци кои навидум најавија драстична промена на претходната политика и решеност за справување со илегалните активности и деструкцијата – заклучоци кои не се реализираа, ниту пак некоја институција покажа намера да ја следи и обезбеди нивната реализација.

Прикажување на работата на Комисија за управување со Охридскиот регион како спроведување на препораката за мораториум во извештајот на нашата земја до УНЕСКО е уште еден очигледен пример – во извештајот се наведува дека Комисијата одобрила само 8 од 33 барања кои пристигнале до неа во обид да се почитува препораката за мораториум и спроведе „контролирана урбанизација“. Она што е изоставено во извештајот се одлуките за легализација на над 500 илегални градби, владините планови за Коридорот 8, новата марина, новата урбанизација на крајбрежјето, новиот кеј, планот за нова индустриска зона…

Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион е последниот пример кој ја покажува оваа стратегија и пример со кој имавме директно искуство – по упорните притисоци на Фронт 21/42, вклучувајќи ja и нашата национална кампања „Едно е! Вредно е!“ Владата одлучи да го измени и дополни zаконот (од 2010 година), наводно со намера истиот да стане функционален и навистина да го заштити светското наследство. Во процесот кој траеше повеќе месеци учествувавме директно и предадено, над 80% од текстот на новиот предлог zакон беше продукт на нашата работа – за во последен момент, зад затворени врати, односно без нашиот претставник во работната група, да се усвои текст во кој недостасуваат клучните одредби. По обелоденување на оваа информација во медиумите, Владата експресно (за помалку од една недела) ги врати одредбите во zаконот, и така го усвои на седница.

Сето ова по објавување на нацрт одлуката на Комитетот за светско наследство. Според нас ова преставува уште еден обид да се прикаже грижа во очите на УНЕСКО и да се прикрие реалната состојба на терен – континуирана урбанизација и легализација на дивоградби.

Вистинската грижа ќе започне кога ќе се донесе мораториум кој целосно ќе се почитува и ќе влезе во одлучна и храбра борба против дивоградбите.

Ова се само мал дел од загрижувачките постапки на актуелната власт за кои во февруари оваа година во писмена форма му се обративме и на премиерот Зоран Заев и директно ги искомунициравме на средба со него, вклучувајќи ја и нашата длабока загриженост од неговата изјава за бесправно изградениот хотел во Лагадин: „Дури и да има правно-формален аспект во Одделението за урбанизам, одговорот на општинските служби не смее да биде „не може“ или „не бива“, туку треба да најдат начин одговорот да биде „да“. Според нас од итните препораки на УНЕСКО кои требаше да ги реализира нашата земја до февруари 2018 година, единствено Управниот одбор на НП Галичица спроведе вистинска реализација со прекинување на постапката за измени на Планот за управување со што се спречи понатамошната процедура за ски центарот.

Ја користиме оваа прилика уште еднаш јавно да побараме од актуелната власт наместо да вложува драгоцено време и пари во креирање на илузија за УНЕСКО, домашната и меѓународната јавност дека политиката за Охрид, Струга и Дебарца е драстично променета и сега има грижа и посветеност – навистина да се посвети и да почне да се грижи за единственото природно и културно наследство во земјава и едно од само 7-те мешовити наследства на европскиот континент. Бараме и локалната и националната власт во најбрз можен рок да прогласи мораториум за сите урбани и крајбрежни трансформации во Охридскиот регион (општина Охрид, Струга и Дебарца) и да осигура доследно спроведување и почитување на мораториумот, и итно да ги прекине постапките за легализација на бесправните објекти и да пристапи кон изготвување на инвентар на дивоградбите.

Потсетуваме дека ниту оваа, ниту која било власт нема право на сите нас и на сите идни генерации да им го одземе најголемото национално богатство! Во оваа смисла навремено укажуваме да се ангажираат сите човечки ресурси за искористување на можностите за сите дополнителни средства кои вообичаено се на располагање за подрачјата кои се на листата на светски наследства во опасност и истите да бидат целосно употребени за заштита и унапредување на исклучителните универзални вредности поради кои Охридскиот регион го заслужил статусот на светско наследство“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања