Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фронтекс: Речиси 110.000 незаконски преминувања на границите на ЕУ годинава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Свет
media-library02i35qhog8thag61W4q

Бројот на незаконски преминувања на границите на Европската Унија во првите десет месеци од 2026 година е намален за 29 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти европската гранична агенција Фронтекс. Во овој период биле регистрирани речиси 110.000 преминувања.

— реклама —

Намалување е забележано на речиси сите мигрантски рути, а еврокомесарот за миграција Магнус Брунер го припишува тоа на засилената меѓународна соработка, реформите и договорите со партнерските земји.

— реклама —

Најголем пад е регистриран на централната медитеранска рута, која ги поврзува Северна Африка и Италија. Источниот Медитеран и натаму е најзастапената рута, преку која се случуваат речиси 60 проценти од незаконските влегувања во ЕУ, но и таму бројот е намален за околу 12 проценти.

Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има пораст од 21 процент во споредба со 2025 година. Особено изразени промени има на западноафриканската рута долж атлантскиот брег кон шпанските Канарски Острови.

— реклама —

Иако на оваа рута вкупниот број незаконски преминувања е намален за 13 проценти, во октомври е забележан нагол пораст – бројот бил четирипати поголем отколку во истиот месец минатата година.

— реклама —

Обидите за пристигнување во Европа со небезбедни пловила често завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција, повеќе од 2.000 луѓе го загубиле животот во Средоземното Море од почетокот на 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп се закани со двојно повисоки царини за Мексико поради мигрантите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 3 седмици

tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-libraryg6j929frg711bJBW7y4

Анкета во Шпанија: Речиси девет од десет граѓани го обвинуваат Мароко за мигрантската криза

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања