Стоматологот, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.
Ристески дипломиран стоматолог, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија.
Од МВР од Прилеп сѐ уште не откриваат точни детали за вчерашниот инцидент.
На својот фејсбук профил се огласи и нападнатиот, стоматологот Благоја Бисеркоски :
„Само да ве информанира дека сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму. Следуваше пријава во полиција, записник, прекршочна пројава“, напиша Бисеркоски.