Актерката Сара Џесика Паркер засекогаш ќе остане запаметена како Кери Бредшо и ѕвездата на серијата „Сексот и градот“.
Кери Бредшо е позната во серијата по комбинации и стајлинзи кои го одземаат здивот, но во новата сезона само еден фустан го привлече вниманието на јавноста.
На социјалната мрежа Инстаграм, една страница која се занимава со комбинации на познати личности, објави фотографија на Кери облечена во макси фустан за кој мислеа дека е креација на брендот „Forever 21“.
Но, костимографите Моли Роџерс и Дени Сантијаго, кои работеа на споменатата серија, истакнаа дека некои од фустаните што ги носела Паркер ги купиле во секнд хенд продавници.
-Фустанот за кој со денови се зборува е купен во Њујорк пред неколку години, во секнд хенд продавница. Чинеше пет долари. Споменатиот бренд има сличен фустан, сличен дизајн, по различна цена. По пандемијата се одлучивме за постар изглед, по пристапни цени - изјавија костимографите.
/sarah-jessica-parker-1-830x0" rel="attachment wp-att-158281">