Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ФЗО и УЈП казнија 23 гинеколошки ординации: Наплаќале ПАП тест, ЕХО и други услуги што ги покрива Фондот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
ginekolog

По бројни претставки од пациентки, Фондот за здравствено осигурување и Управата за јавни приходи спроведоа заеднички контроли во 49 приватни гинеколошки ординации ширум државата. Ова е прва ваква акција од 2012 година, соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

— реклама —

Контролата покажа дека речиси половина од проверените установи работеле спротивно на правилата. Вкупно 23 ординации добија санкции — дел поради наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни за здравствено осигурените лица, а дел поради неуредно водење евиденција.

— реклама —

Како најсериозна неправилност е утврдено наплаќањето на услуги што влегуваат во договорот со Фондот и не смеат да се фактурираат на пациенти — меѓу нив цитолошки и микробиолошки брисеви, ПАП тест, ЕХО и колпоскопија. Таква пракса била констатирана во осум ординации, а кај пет биле утврдени пропусти во документацијата.

— реклама —

Паралелно, УЈП утврдила дека 20 приватни гинеколошки установи не издавале фискални сметки. Директорката Елена Петрова апелираше до пациентките секогаш да бараат фискална сметка за извршената услуга.

За сите неправилности се изречени глоби и мерки. Контролите се спроведени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица, а целта, како што беше нагласено, е пациентките да добиваат услуги согласно законот и договорите со Фондот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fzom_8

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август, 414 милиони за породилни

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

ФЗО најавува проширување на позитивната листа со антикоагулантни терапии

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybek7icoedlv0773MyIZ

ФЗО најавува нови реформи и развој на здравствениот систем

Македонија | пред 5 месеци

lekari-715x420

ФЗО апелира: Јавните здравствени установи да обезбедат хелиум за МР апарати

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања