Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во изјава за МИА вели дека од Клиниката за радиотерапија и онкологија се информирани за недостатокот на одреден број лекови, од биолошката терапија.
„Според информациите од Клиниката, тоа е поради несоодветното планирање во 2024 година, премин од 2024 во 2025 годинa и зголемен број на пациенти во декември. Фондот во 2024 година за УКРО одобри дополнителни пет милиони евра. Фондот работи на договор на зголемен буџет за 2025 година. И покрај напорите за зголемување на финансиите, УКРО треба да има јасни и транспарентни критериуми за вклучување на пациентите на посебните терапии. Треба да се воведе регистар на пациенти и други подобрувања за соодветно планирање и следење”, вели Клековски.