Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Галески: Дали е точно дека директори, министри, и советници на власта го злоупотребувале ЈП Градски паркинг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Galeski-20.01.2022

„Тука беше спомнато дека претпријатието „Паркинзи“ во минатото работело домаќински, но од актуелниот директор слушнавме дека во минатото биле давани од Градот Скопје 37 милиони денари за субвенции и дека претпријатието должи 33 милиони денари кон Градот Скопје. Толку од домаќинското работење на претпријатието. А, што се однесува до бранењето на принципите, до укажувањето дека премногу се штитени интересите на претпријатието и слично, тука директорот посочи некои индиции кои што отвораат големи сомнежи, но еве јас ќе говорам и за она кое што претставува јавна тајна, па демантирајте ме дали е така“, истакна Луке Галески, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

— реклама —

Дали е точно дека директори, министри, советници и нивни луѓе паркирале бесплатно преку ипад на системот за паркирање?

Галески запраша дали е водено плаќање кое што не било фискално прибележено во претпријатието, а тоа траело со години?

— реклама —

„Дали е точно дека има советници кои што седат во овие советнички клупи, чии што автомобили биле прибележани и кои што имале право да прибележат автомобили на кои што им биле давани годишни карти и биле со ослободувања со цел бесплатно паркирање? Дали на тој список има и министри, актуелни шефови на кабинети? И дали еден поранешен градоначалник со целото негово семејство е на списокот за бесплатно паркирање на претпријатието“, рече Галески.

Галески побара од директорот да поработи на овој случај и истите наоди и индиции да ги сподели со јавното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања