Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Галетановски по трагедијата во Богданци: Девојката пријавувала насилство, институциите потфрлија – време е за протести!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Коментари
galetanovski

Голема реакција во јавноста предизвика трагичниот случај во Богданци, каде вечерта на 3 ноември беа пронајдени две безживотни тела – едното во опожарен автомобил, а другото во негова непосредна близина.

— реклама —

По трагедијата се огласи и Ѓорѓи Галетановски од СДСМ, кој преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон институциите, посочувајќи дека девојката претходно пријавувала насилство, но дека системот не успеал да ја заштити.

„И не, ова девојче не молчело, пријавувало, и институциите ко и секогаш затаиле. Најстрашно е што како нација се навикнавме на трагедии, станавме апатични. И да, можеби е време за протести!“, напиша Галетановски.

— реклама —

Според досега објавените информации, станува збор за 17-годишна девојка која претходно пријавила насилство од 21-годишното момче.

— реклама —

Од Обвинителството соопштија дека првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, а потврдија и дека против починатиот 21-годишник претходно била поднесена пријава за загрозување на сигурноста.

Точните причини за смртта и околностите под кои се случил настанот треба да бидат утврдени со обдукцијата и останатите истражни дејствија.

— реклама —
media-libraryut358747be74eVMvcwz

„Уште еден пропуст на институциите“: Котеска револтирана по смртта на 17-годишната девојка во Богданци

Адвокатката Катерина Котеска се огласи на социјалните мрежи по трагичниот случај во Богданци, каде што животот го загуби 17-годишно девојче. Таа изрази длабока тага и револт, посочувајќи на пропустите на институциите во заштитата на жртвите на насилство.Во својата објава, Котеска наведува дека ова е седмата жртва на фемицид и потсетува дека девојчето претходно пријавило физичко насилство од момчето.„Девојче од 17 години го изгуби животот откако претходно го пријавила насилното момче за физички н

Коментари | пред 5 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања