„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Галичица се уште гори, постои опасност од експлозии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
galicica

Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште е активен пожарот на Галичица.

— реклама —

-Во текот на вчерашниот ден екипи на НП Галичица и Планинската спасителна служба – Охрид (вкупно 15 лица) со прирачен алат вршеле контрола и гасење на пожарот. Пожарот се шири во правец север северо-запад и е на околу 1,5 км одалечен од шумата. Дополнителен проблем претставува тоа што поради високите температури започнал да гори кореновиот систем на опожарената трева под земјата што го отежнува гаснењето, односно на деловите каде пожарот бил изгаснат по извесен период истиот повторно се појавува, велат од ЦУК.

Додаваат дека поради непристапноста на теренот и опасноста од експлозии од остатоци од Првата светска војна, а согласно насоките на ГШ на ЦУК до општините Охрид и Ресен во соработка со НП Галичица да ангажираат сили, со претходно направена оперативна проценка од страна на НП Галичица и другите субјекти (ТППЕ, МВР, ЦУК, ДЗС и други) за постапување во случај на проширување на пожарот, од раните утрински часови вработени од НП Галичица се упатени во близина на местото на пожарот заради следење на ситуацијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања