Остануваат само уште неколку часа до крајот на кампањата за Локалните избори 2021 година и срдечно им се заблагодаруваме на сите жители на Чаир, а особено на сите медиуми кои најдоа време и простор да ги пренесат информациите и настаните што ги имавме овие денови, изјави Висар Ганиу, кандидат за градоначалник на општина Чаир.
„Нашата кампања беше крајно фер и демократска, кампања од народот и за народот.
Од почетокот на изборната кампања, јас како Висар Ганиу кандидат на Демократската унија за интеграција уште еден мандат да ја водам Општина Чаир и мојот тим креиравме програма со многу реална визија и која има само една цел - благосостојба на граѓаните на Чаир.
Нашата програма се базира на пет принципи:
Решавање на прашањето за паркирање;
Решавање на прашањето на сообраќајот;
Уште по зелена општина;
Унапредување на образованието;
Зајакнување на локалната економија и социјалната заштита
Ви благодариме уште еднаш искрено и да не заборавиме дека Чаир е нашиот дом и семејство што најмногу ги сакаме“,вели Ганиу.