Промени тема
Контакт

Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
banki-2

Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството.

Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, како и 0% данок за младите.

— реклама —

Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена.

— реклама —

За економски раст потребна е борба против корупцијата. Македонија мора да биде на листата на првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата.

— реклама —

Македонија во догледно време мора да има стандард како една Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања