Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Гаревски: Нема шанси мостот „Беласица“ да се пушти во употреба наредната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
fcbubms4mvitxka4ds9r

Мостот „Беласица“ не може да биде пуштен во употреба наредната недела, како што најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, изјави за ТВ 24 професор Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

— реклама —

Пуштањето на мостот во најголема мера ќе зависи од ЕСМ, односно од демонтирањето на цевките за парно греење, бидејќи без вадењето на цевките не може да се направи ниту, да кажеме, примарна санација, рече Гаревски. Експертизата која сè уште не е завршена, и се очекува да биде готова идниот понеделник, во моментов покажува дека сепак нема да има потреба од зајакнување на мостот, но сигурно е, според него, дека мостот не може и не смее да се пушти во употреба толку скоро.

„Откако ќе се направи санација, обично по правило би требало бетонот да зрее 28 дена, а потоа треба да се направи пробно товарење како доказ дека мостот е во ред. Тоа товарење на мостот ќе биде со 60-тонски возила. Ќе се направи тоа испитување, што е стандардна процедура, особено кога некој мост е опожарен, па дури потоа тоа може да се пушти мостот“, вели Гаревски.

— реклама —

Градоначалничката Арсовска пред два дена за ТВ Сител изјави дека на мостот ќе треба да се направи одредена санација која се однесува на козметичко рефреширање на она што е паднато од бетонот.

„Во суштина, нема ништо кое што влијае на стабилноста, сигурноста и безбедноста на мостот и тоа е она што е најважно за нас. Денеска ми јавија дека се готови со сите испитувања кои се направени и дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо. Сметам дека веќе од наредната недела ќе можеме да го пуштиме во употреба“, изјави градоначалничката на Град Скопје.

Пожарот на мостот „Беласица“ избувна ноќта меѓу 11 и 12 мај, запалена беше електричната инсталација и системот за парно греење кој поминува под мостот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања