Гаро Тавитијан со емотивна објава се прости од Кајевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
262090383_3072352049708765_5695169638455608747_n

Смртта на актерот Славиша Кајевски ги најде затечени многу од неговите најблиски, пријателите и колегите. Откако утрово од Македонскиот народен театар објавија дека актерот трагично го загубил животот, на социјалните мрежи не престануваат да се простуваат од него.

— реклама —

„Мој соученик во исто одделение во основното школо Владимир Илич Ленин (Гоце Делчев) во центар. На еден час по Македонски јазик седевме заедно и добивме училишна задача да напишеме расказ. Славиша со темпераментен дух заинтересирано духовито се занимаваше со соучениците и скокотливи шали, тивки насмевки кои одат кон тивка кулуминација (за да не те слушне наставничката) и дојде моментот кога наставничката го примети Славиша дека ги анимира и засмејува соучениците и го крена токму него на час да го прочита својот расказ. Јас ја погледнав неговата тетратка во тој момент и гледам дека освен наслов и училишна работа друго нема ништо на хартијата, нема текст и нема расказ. Славиша станува и јас помислив дека сега ке каже дека нема напишано ништо и ке се извини но тој почна во момент да рецитира и да чита од празната голема тетратка еден најпрекрасен расказ и тоа течно и со бујна имагинација во самиот момент, неверојатен расказ.

— реклама —

Неверојатен талент и капацитет на повеќе полиња. Урбан градски лепотан. Математика му одеше многу јако како предмет, беше ученик со генијална интелегенција, човек син на воено лице и дисциплината му беше императив во секоја смисла а ведриот дух и харизма незаменливи. Беше неверојатно енергичен со огнена енергија. Потоа животот ни отиде на различни страни (се отвори светот за да се одпатува во секоја смисла со телото и духот и тоа на сите ни го одзема времето) и иако не бевме во честа комуникација секогаш кога ке го видев на некој настан се подсетувавме на деновите во основно. Гледав театарски претстави со Славиша бидејки еден период правев музика за претстави и Славиша како култен актер беше секогаш секаде обожаван и присутен. Другару драг непреболен и легендо почивај во мир“, напиша Гаро Тавитјан на фејсбук.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања