Гаши: Најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на барањата на конкурсот на Министерството за култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ministerstvo-za-kultura-5

Плеурат Гаши, претседател на комисијата за фолклорна и музичко-сценско дејност, реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура.

— реклама —

„По повод настанатата ситуација во врска со реакциите на медиумите јас сум должен да реагирам за волја на вистината...пред да започне прегледувањето на предметите завземавме строг став околу начинот на анализирање на секој детал од доставениот проект...

Во нашата тековна работа наидовме на општ хаос во апликациите...имено најголемите фестивали и настани беа најголемите прекршители на најелементарните барања на конкурсот...јас лично со моите колеги од комисијата ги баравме и им укажувавме дека ги немаат основните документи за прописно аплицирање...некои од нив образложуваа дека секогаш така било(без документи),додека други се изјаснуваа дека проблемот ке го решат на повисоко ниво,мислејки дека министерот и кабинетот ке им излезат во пресрет...

— реклама —

Министерот Адеми со неговиот кабинет бараше и настојуваше да бидеме коректни,праведни и под никакви околности да не го прекршиме законот...

Мислам дека бев јасен и дециден во мојата реакција...сите ние треба еднаш и засекогаш да престанеме со манипулации,несовесно трошење и злоупотребување народни средства.

П.с. во целост го прифакјам предлогот на Министерот во понеделник да ги отвориме уште еднаш одбиените предмети...настојувам на тотална транспарентност до крај“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања