„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Гаши: Очекувам резолуција и за промена на формулацијата за албанскиот јазик во Уставот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели Африм Гаши, лидерот на партијата Алтернатива, која е во коалиција со Алијанса за Албанците, објави DW.com.

— реклама —

„Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават“, им порачува Гаши на Македонците и нивните политички претставници. Нагласува дека нема ништо против предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека идентична почит треба да се рефлектира и кон една од идентитетските компоненти на Албанците во земјата - албанскиот јазик.

„Во принцип почитувам и поддржувам секој човек, следствено и секој народ, да се определи како што се чувствува и да го брани и негува својот етнички, културен, религиозен и јазичен идентитет. Но, истовремено тие кои се чувствуваат дека нивниот идентитет е загрозен во која било битна компонента, треба да знаат дека треба да го почитуваат и да им дозволат и на другите да го бранат својот идентитет во секоја своја димензија. Во вакви слични политички битки, кога на мета бил идентитетот на нашите сограѓани Македонци, сите граѓани од другите етнички заедници, а особено Албанците, застанале во одбрана и на страна на своите сограѓани, со кои ја делиме истата судбина и иднина и градиме заедничка држава. За време на тридеценискиот спор со Грција кој навлегуваше во идентитетската сфера, Албанците застанаа зад Македонците, но и сега, кога кулминираше спорот со Бугарија, Албанците повторно застанаа зад Македонците. Ние цело време покажуваме емпатија кон Македонците и така ќе продолжиме, но за жал тоа не е реципрочно“, вели Гаши.

— реклама —

Текстот во целост на: DW.com.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања