Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, се вратил од Турција, дознава „Скопје1“ од извори во МВР. Според неофицијалните информации, тој постапил согласно одлуката на судовите, односно ја искористил времената патна исправа за да прослави завршување на школување на роднина и се вратил. Моментално, тој е во земјава.
„Скопје1“ постави прашања во судот, која била причината поради која Јахоски побарал времена патна исправа, а откако тој до пред еден месец беше и во притвор, а потоа остана и без пасош, бидејќи судиите сметаа дека мора да му се обезбедат мерки за обезбедување присуство. Оттаму очекуваме одговор.
Со оглед дека постапката налага мислење од јавен обвинител, побаравме став и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дали тие дале позитивно или негативно мислење за издавање на времена исправа, како и дали се жалеле на одлуката – и од нив чекаме одговор.
Со став излегоа од Кривичен суд.
„Во текот на месец мај, од страна на одбраната на осомничениот, беше доставено барање за враќање на патната исправа, односно издавање нова, кое барање беше одбиено од Кривичниот суд“, велат оттаму и посочуваат дека Јахоски се јавува редовно во кривичниот суд, а тоа треба да го направи и денеска, бидејќи е прв понеделник во месецот.
„Што се однесува до мерката повремено јавување во судот, согласно проверките, осомниченото лице редовно се јавува во Кривичниот суд“, додаваат од судот.
„Скопје1“ вчера објави фотографии од Јахоски на Босфор. Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.
(Фото) До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул
Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, денеска се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за злоупотреби е во Турција, но го „издадоа“ фотографиите објавени од Алија Јахоски, кој честиташе „завршено образование“ на член на семејството. На две од нив е и осомничениот Асмир Јахоски. На едната се заедно со чичко му, татко му и славеникот, а на другата, заедно со татко му и славеникот.Останува непознато кога му бил издаден времениот пасош на Јахоски, ако се има во предвид дека на 06 мај тој остана без патна исправа бидејќи судот му ја одзема одредувајќи му мерка за обезбедување присуство. Од судот, дополнително ќе побараме одговор кога треба Јахоски да се врати во Македонија. Во решението од Апелација, стои и дека секој прв понеделник во месецот тој треба да се јавува во Кривичен суд, што би значело, дека тоа треба да го направи утре.Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.
Македонија | пред 6 месеци