Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Гази Баба е претворена во легло на непотизам, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
opshtina-gazi-baba

Во општина во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ ништо не се работи, ама затоа е претворена во легло на непотизам, велат од СДСМ.

— реклама —

„Толку од „новиот договор“ на партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не се менува, продолжува со старите практики на партизација и непотизам нешто што граѓаните го гледаа цели 11 години.

Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината.

— реклама —

Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи.

Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам.

Ова е пример за непотизам и груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани.

Општина Гази Баба предводена од Бобан Стефковски не работи за граѓаните, туку за интересите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања