Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип херои, почнувајќи од Штрумфовите, преку Талик Том до Тин Тин и Марсупилами.
Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците се многу горди.
- Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа постојано работиме на подобрување на неговата безбедност - изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмс.
Новите пасоши ќе вклучуваат 48 различни безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.
Белгискиот пасош моментално е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.
Старите белгиски пасоши ќе важат до крајниот рок, а нови ќе бидат достапни во локалните општини по цена од 65 евра за возрасни и 35 евра за деца.