Георгиевски: Без да ве подготват ве пуштиле на прес, па дури читате и погрешни суми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Boris-georgievski

По вчерашниот "бомбастично" најавен прес очигледно е дека новиот градоначалник сеуште не си ги знае своите надлежности, па еве накратко да ги објасниме:

— реклама —

Прво грижата за уличното осветлување, локациите за поставување на нови линии и сервисирање, не ја врши градоначалникот, туку секторот за комунални работи, поднесувајќи налог за работа кој градоначалникот го потпишува, вели ексградоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

— реклама —

„Второ за секое изведување на нова линија или одржување на постојна линија постои соодветен надзор кој ја прати постапката дали и со каков квалитет е извршена.

— реклама —

Трето за да може да биде исплатена било која активност покрај налогот мора да има потпишан извештај од надзорот и службите во општината задолжени за улично осветлуваење. Со овој извештај се потврдува дека зададените активности се извршени од страна на фирмата и истите треба да се исплатат. Градоначалникот само го потпишува решението за исплата по сите овие добиени информации.

Дел од вработените потпишани на овој извештај од комисијата за проверка се истите вработени кои го подготвиле и спровеле јавниот повик за улично осветлување. Истите вработени кои ги подготвиле налозите до фирмата и дале согласност за плаќање по извршените активности.

Затоа останува нејасно како истите тие сега утврдиле разлики. Зошто истите разлики доколку ги имало не ги воочиле при самата изведба?

Не знам зошто без да ве подготват ве пуштиле на прес па дури читате и погрешни суми.

Бидејќи вие немате доверба во вработените од мене имате поклон метро за да можете сам на терен сантим по сантим да мерите пред да потпишете. Со метрото ви поклонувам и моливче за да можете да ги запишете мерките како не би ги утнале повторно.

Ви порачувам да почнете да си ги реализирате вашите проекти кои сте ги ветиле пред граѓаните. Имате полн буџет, засукајте ракави и почнете со работа, редно време е“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања