Георгиевски склучил договор за лед светилки и паметно осветлување вреден 1.7 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Boris-georgievski

Борче Георгиевски правел вистински грабеж во општина Гази Баба. Тој склучувал договори за јавни набавки на улично осветлување на места каде што веќе имало, а во договор од 17 август склучил договор за реконструкција на улично осветлување со лед светилки и софтвер за истите за паметно осветлување и тоа во вредност од 1.7 милиони евра со ДДВ со фирмата ЕЛМОНД ЕЛЕКТРО од Скопје, при што во договорот кој го склучил со истата се обврзал 20% од договорената сума да ја исплати авансно, односно пред да отпочне работата, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на Борис Георгиевски

— реклама —

„Овој договор за авансна исплата Георгиевски го склучил 1 месец пред избори.

— реклама —

Георгиевски со парите кои ги трошел на овие договори, но и договорите кои ќе ги презентираме во иднина можел да ја направи Гази Баба најосветлена општина во Македонија.

— реклама —

Во однос на неговите обвинувања за немање на вода во некои населени места, сакаме да потенцираме дека се вршеше реконструкција на резервоарот за вода во Црешево, кој тој не го реконструираше, а со кој зафат сега се обезбедува сигурен дотур на вода за жителите на Црешево, а водоснабдување во Црешево има веќе од вчера.

За разлика од порано, кога Георгиевски беше градоначалник и СДСМ управуваше со општината. Сега се работи за граѓаните и за општината, и тој однос и начин на работа ќе продолжи и во иднина“; се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања