Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Георгиевски: Зошто градоначалникот на Гази Баба сака да ја затвори градинката во Стајковци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
BorisGeorgievski

Тоа што вашите градоначалници овие скоро 100 дена не дадоа никакви резултати па немате со што да се фалите не ви дава право да лажете, вели Борис Георгиевски.

— реклама —

„Господине Димче Арсовски јас уште пред три дена повикав општината да направи комисија и на терен да изврши надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување.

Кога човек е чист секоја ваша лага е залудна. Ниту јас се бранам ниту пак има потреба мојата партија да го прави тоа, затоа што вистината е на моја страна.

— реклама —

Добро е што барем си признавте дека сите овие години како портпарол на ВМРО ДПМНЕ сте ја имале задачата да го браните криминалот во вашата партија. Не е лесно да си портпарол во партија поврзана со многу криминални афери.

Ако вашите партиски другари се такви не значи дека сите се исти. Но како и да е, сѐ што досега кажа ќе треба на суд да го докажеш.

Почитуван Димче Арсовски кога веќе сте дошле до дворот на општината влезете внатре и прашајте го вашиот градоначалник зошто нема издадено налог за поставување на лед светилки. Прашајте го зошто и покрај активен договор за лед светилки во новиот буџет обезбедил 20 милиони денари за одржување на уличното осветлување?

Не заборавајте да го прашате зошто сака да ја затвори градинката во Стајковци или пак зошто децата од градинката Детска радост може да останат без храна.

Не заборавајте дека вие сте сега власт во Гази Баба и редно е веќе почнете да работите нешто од она што сте го ветиле пред граѓаните“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања