Георгина повторно бремена со близнаци: „Роналдо прави свој фудбалски тим“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
249378246_275439057826884_433642252689726334_n

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и Георгина Родригез објавија дека чекаат близнаци. Тие ќе бидат родители на шест деца откако во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а заедно се грижат и за трите деца што Роналдо ги има од сурогат-мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

— реклама —

Веста дека ќе станат родители Кристијано и Георгина ја објавија на „Инстаграм“ неколку недели откако светските медиуми почнаа да пишуваат дека манекенката е бремена.

— реклама —

„Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве запознаеме“, стои во нивната објава на која се гледаат снимки од ултразвук.

— реклама —

Голем број следбениците на упатија честитки, а некои коментираа и дека Роналдо прави свој фудбалски тим.

Георгина и Кристијано се запознаа во 2016 година. Во тоа време Роналдо веќе го имаше синот Кристијано Јуниор. Светските медиуми со години пишуваат дека фудбалерот и манекенката се свршиле, се пишуваше и дека се венчале тајно, но тие не ја потврдија веста.

/249349558_461480195305191_4243882083297163189_n" rel="attachment wp-att-146575">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања