Скопје потона во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

Во Скопје е хаос со (не) хигиената. Полни контејнери, смет расфрлен околу нив, кабаст отпад, смрдеа и опасност од зарази.

— реклама —

На секој чекор, во сите општини се формираат мини депонии.

— реклама —

Кандидатот за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски преку објава на својот фејсбук профил информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС со барање за одржување итна седница, на која, како што посочува, ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот на територија на Центар и на Градот Скопје.

— реклама —

,,Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази”, пишува Герасимовски.

Побарал и дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако, како што посочува, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје веќе пет дена не го собира сметот од улиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања