Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: „Центарски улици 4“ со буџет од 1 милион денари. четирикратно зголемени вложувањата во културата во Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги повика граѓаните да присуствуваат на најголемиот хепенинг „Центарски улици 4“, кој ќе се одржи на улица „Македонија“.

— реклама —

Тој посочи дека настанот се организира четврта година по ред и дека буџетот за негово реализирање значително е зголемен во однос на почетоците.

— реклама —

„Овој настан Општина Центар го организира четврта година по ред. Почнавме со многу мал буџет од 30 илјади денари, а денес издвојуваме 1 милион денари токму за овој настан. Во изминатите четири години тројно го зголемивме буџетот за култура, од 4 милиони денари во 2021 година на сегашните 25 милиони денари, што значи повеќе културни содржини во интерес на центарци“, рече Герасимовски.

Според најавите, програмата започнува во 12 часот и ќе трае во текот на целиот ден, со настапи на над 30 уметници, диџеј сетови, ликовна колонија, улични перформанси и живи статуи.

— реклама —

Вечерниот дел од програмата ќе биде заокружен со настапи на Дина Јашари и Тони Зен со бенд, а Герасимовски упати покана до сите граѓани да ја посетат улица „Македонија“ и да ја проследат манифестацијата.

— реклама —

Манифестацијата „Центарски улици 4“ е дел од серијата културни настани со кои Општина Центар го одбележува 50-годишниот јубилеј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања