Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Герасимовски: Честитки до учениците од Песталоци, поддршката од општината за нив продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на социјалните мрежи им го честиташе успехот на тројцата ученици од VIII-2 одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Сара Кнежевиќ, Лука Вајевиќ и Виктор Јакимов, кои се вратија од глобалниот натпревар во дебатирање и општо знаење “World Scholar’s Cup” во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати со 28 медали и 2 трофеја.

— реклама —

Тројцата ученици, во конкуренција од 500 други ученици од 23 земји, ги бранеа националните бои на Глобалниот зимски круг 2021 година. Со освоениот резултат тие влегуваат во квалификациите за Турнирот на шампиони, кој ќе се одржи на Јеил Универзитетот во Соединетите Американски Држави, на кој учествуваат десетте најдобри тима од шесте глобални рунди на годишно ниво.

„Искрени честитки до тројцата ученици, а ние продолжуваме да ги поддржуваме не само Сара, Лука и Виктор, туку и сите останати талентирани ученици од нашите училишта во претставувањето нашата општина и држава“, пишува во честитката Герасимовски.

— реклама —

Сара, Лука и Виктор, покрај останатите успеси, добитници се и на овогодинешната награда на Општина Центар, „Феникс“ во категоријата „Поединци и група творци“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања