„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Герасимовски до пензионерите: Аплицирајте за „Итно копче“, помагаме во итни ситуации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
Usluga-Itno-Kopce

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е јавниот повик за аплицирање за услугата „Итно копче“ во Oпштина Центар. Со оваа нова услуга, на повозрасните граѓани над 65 години им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.

— реклама —

„На јавниот повик можат да се пријават жителки и жители над 65 годишна возраст од Центар, со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба. Корисниците коишто сакаат да се пријават треба да бидат со адреса на живеење во Општина Центар, да не надминуваат висина на пензија од 35.000 илјади денари и лица кои немаат дијагностицирано деменција, поради тоа што уредот не е соодветен за лица со деменција и Алцхајмерова болест. Оваа услуга е бесплатна и може да ја користи само еден член на семејството“, вели Герасимовски.

Повозрасните жители може да аплицираат со пополнување на барање за користење на услугата Итно копче кое се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвениот крст, со копија од лична карта и со копија од чек од последна пензија.

— реклама —

Сите документи заинтересираните жители можат да ги достават во Канцеларијата на Итно копче - ул. „Славе Георгиевски Шнајдер“ бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330.

Герасимовски, истакнува дека повозрасните центарци можат да добијат итна помош со едноставно притискање на копчето на уредот за комуникација, што се носи како приврзок во форма на нараквица или ланче.

„По активирањето на копчето, сигналот стигнува до Црвениот крст кадешто одговорните лица стапуваат во контакт со корисникот на кого му треба брза реакција за да процени каква помош е потребна, а потоа, во зависност од состојбата се испраќа тим на терен или се повикува итна помош. Се грижиме за сите пензионери и возрасни жители на Центар“, посочува Герасимовски.

Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Повеќе информации за јавниот повик за аплицирање за услугата Итно копче може да најдете на следниот линк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1vj4aggm6ov32ESlw3r

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки

Скопје | пред 3 месеци

Biljana-Ivanovska

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска е независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања